Заштита на приватноста на податоците

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

Во име на компанијата Елбософт консалтинг се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите клиенти. Ги собираме само неопходните основни податоци за корисниците и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно деловните пракси со цел давање квалитетна услуга.

На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата.

Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на менаџерите од ИТ Секторот, на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Менаџерите од ИТ секторот за техничка подршка во групацијата ЕЛБОСОФТ КОНСАЛТИНГ се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.

Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. Освен тоа, кога за потребите на испорака на нарачаните производи до купувачите ќе бидат ангажирани овластени субјекти за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на давање на нивните услуги.

Веб страницата www.elbosoftconsulting.com не е наменета за лица под 14 години. Елбософт консалтинг нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу.

Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата www.elbosoftconsulting.com може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат. Ова се однесува и за податокот за датум на раѓање, кое поле не е задолжително при процесот на регистрација, а корисникот може да го пополни за и овој податок да биде користен за цели на директен маркетинг. На корисниците им даваме можност за избор, вклучувајќи можност во секое време да ја повлечат дадената согласност за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.

Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава при регистрацијата на веб страницата со избирање на опцијата – се согласувам да добивам известувања на е-меил, со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг со испраќање на известувања и маркетинг материјали на е-меил адресата дадена од страна на давателот на согласноста, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

Секое лице кое дало согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја измени или повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цел на директен маркетинг со кликнување на опцијата update your preferences (за измена) и unsubscribe from this list (за повлекување на согласност), која опција се наоѓа на долниот дел, односно на крајот на страницата на сите маркетинг материјали кои се доставуваат за целите на директен маркетинг по основ на дадената согласност, без притоа да се врзува ваквото повлекување на согласност за цели на директен маркетинг со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

Личните податоци доставени преку веб страницата се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои се обработуваат личните податоци, при што се применуваат следните рокови:

  • податоците дадени за реализација на нарачки и плаќање се чуваат до завршување на административните и сметководствени процедури, додека податоците за задолжувањата за плаќање се чуваат 10 години од денот на издавање на сметка/фактура;
  • податоците дадени поврзано со процедури за враќање или замена на производи се чуваат до истек на законските рокови за рекламации и замена;
  • податоците дадени при посета на веб страната, креирање профил, најава и регистрација, како и за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барање за бришење на податоци;
  • податоците дадени при аплицирање за вработување се чуваат 5 години од поднесувањето или до спроведување на барање за бришење на податоци.

ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.

Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.

СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ
Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.

ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата www.elbosoftconsulting.com (во понатамошниот текст: веб страница) може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат (во понатамошниот текст: давател на согласност или давател).

Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава при регистрацијата на веб страницата со избирање на опцијата – се согласувам да добивам известувања на е-меил, со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг со испраќање на известувања и маркетинг материјали на е-меил адресата дадена од страна на давателот на согласноста, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

Секое лице кое дало согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја измени или повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цел на директен маркетинг со кликнување на опцијата update your preferences (за измена) и unsubscribe from this list (за повлекување на согласност), која опција се наоѓа на долниот дел, односно на крајот на страницата на сите маркетинг материјали кои се доставуваат за целите на директен маркетинг по основ на дадената согласност, без притоа да се врзува ваквото повлекување на согласност за цели на директен маркетинг со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

Корисниците на лојалната програма со дававање на согласност за користење на податоците за цели на диркетен маркетинг, може да дадат согласност за добивање на е-маил известувања, како и СМС и Вибер пораки. За откажување за примање на е-маил известуања потребно е да се одбере опцијата unsubscribe from this list, доколку е потребно да се откаже согласноста за добивање на Viber и СМС пораки, потребно е на нашиот е-маил info@elbosoftconsulting.com да го напише корисникот контакт телефонот кој што е потребно да се избрише од листата.