Сеопфатен и интегриран
Менаџирајте ги сите Ваши бизнис процеси, од набавки, прием во магацин, па се до финансиски менаџмент и продажба, се на една платформа, на целосно интегриран начин.

ЕРП кое е отворено за промена и раст
Дозволете Вашето ERP решение да го помогне растот на Вашата компанија преку интегрирање на Nebim V3 со новата генерација на фискални каси, B2B и B2C системи за електронска продажба, бизнис тековите и системите за менаџирање на документи. Nebim V3 овозможува точни податоци на Вашиот проект за бизнис развој кој ќе ја прошири Вашата компанија.
Кога Вашата компанија расте, лесно е да се прошири обемот на Nebim V3 според потребата. Мислете големо, но бидете оспособени да започнете со мали чекори. Благодарение на модуларната структура на Nebim V3, кога и да е потребно, додадете нови апликации на Вашата лиценца и започнете да користите понапредна верзија.

ЕРП кое брзо се адаптира
Имплементирајте ги Вашите проекти за бизнис раст брзо, преку различни апликации кои би Ви биле потребни кога ја растете Вашата компанија, кои се веќе развиени и достапни да бидат приклучени на Nebim V3. Преферираните апликации од секторот вклучуваат алгоритамски ротации на производи меѓу продавници, менаџирање на консигнации, планирање на сезонски производи, програми за лојалност на купувачи и многу останати.
Забрзајте ја Вашата ERP адаптација и како и сите останати проекти, благодарение на методите за ЕРП адаптација кои Nebim ги има развиено, како и најдобрите методи користени специфично во Вашата индустрија, со кои Nebim ќе Ви помага во процесот. Nebim Ви овозможува пристап од далечина на централниот систем за проект манаџмент,со што Ви е овозможено надгледување на распоредите, чекорите, како и планираните и искористените ресурси, за да можете да донесувате сигурни одлуки во врска со менаџирањето на проектот.